Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку неговиот безпоговорен извршител. Ова е чиста лага и измислица, намерна конструкција изведена и во наслов кој што треба да креира целосно извртена и лажна слика за опозицијата и Христијан Мицкоски – коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додава:

Ова е честитката на Заев за Божик до Мицкоски, ова е и негова лична честитка, ако сакате, и за именденот на неговиот политички ривал.

Ова е демократскиот капацитет на Заев диктаторот!

Ова е вистинското лице на “борбата со лажни вести”, продуцирано директно од медиумскиот паж на Заев!

Срамно и подло, за време на ваков семеен празник, во вакви тешки времиња!

Оттука, јас инсистирам на реакција со осуда од новинарските здруженија и реакција од телото за Етика.

Истовремено инсистирам и на извинување и директен укор од владиното тело за борба со лажните вести.

И на крај, но најважно, инсистирам на извинување од Зоран Заев до Христијан Мицкоски за ваквиот однос од неговиот близок соработник кон лидерот на опозицијата!

Во спротивно ќе покаже дека навистина е негова нарачка!

Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку…

Posted by Naum Stoilkovski on Thursday, 7 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.