Бев во Аеродром. Овде граѓаните се свесни дека власта не испорачува резултати. Големите очекувања кои ги создава оваа власт за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања. Имаат неколку реченици кои функкционерите на СДСМ и послушниците на Заев овие денови постојано ги повторуваат. Велат ја научивме лекцијата од минатиот период на неработа, ја примивме пораката, ќе следат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива, чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат. Значи имаме работа со луѓе за кои моралот како вредносна категорија не постои, туку само позициите, функциите и бенефитите кои тие ги носат. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вечерашната средба со жителите на скопски Аеродром.

Тој претходно беше во посета на Сопиште, по што се сретна и со неговите поддржувачи во скопска Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.