На „Јутјуб“ е објавено видео со целата хронологија на инцидентите во затворот Шутка, кога беа нападнати и повредени поранешните министри Миле Јакимоски и Спиро Ристоски.

21.02, ЧЕТВРТОК – Вечерта кога се нападнати Ристовски и Јанакиески, СДСМ излегува со став дека „ВМРО го исценирало настанот“ – исто како што СДСМ излезе со став и на 9-ти мај 2015 дека ВМРО го исценирало и нападот во Диво Насеље. СДСМ ветуваше меѓународна истрага и „дознавање на вистината за Диво Насеље“, што никогаш не се случи.

22.02, ПЕТОК – Командант Малишева (Диво Насеље) се фали со тепањето на екс-министрите на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е пречка директорот на Шутка и премиерот Заев тврдат дека Јанакиески и Ристовски ги провоцирале терористите од Диво Насеље поради што биле истепани. СДСМ ова го прави за да ја подели јавноста односно за да можат нивните поддржувачи да имаат (луда) теорија во која ќе веруваат.

25.02, ПОНЕДЕЛНИК – Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска во Топ Тема на Телма соопштува дека терористите од Диво Насеље тврдат дека биле испровоцирани од Ристовски и Јанакиески, што е ИДЕНТИЧЕН став со ставот на СДСМ (и покрај тоа што три дена претходно Малишева ликуваше и се фалеше со тепањето на „вмровците кои ги затвориле таму“, а два дена претходно во писмо групата од Диво Насеље најави дека ќе продолжи со тепање на вмровски (екс) функционери кои ќе ги начека во затвор.

Правобранителот соопшти и дека ги гледала снимките на кои се гледа дека Ристовски е опкружен од група која го напаѓа, а Јанакиески се шета сам во дворот, кога кон него се затрчува Есад Ќафеголи и го напаѓа и тепа.

26.02, ВТОРНИК – Телма дознава за извештајот од затворот во кој се признава дека поради низа пропусти е овозможено тепањето на Ристовски и Јанакиески и дека затворската управа не сторила ништо за да го спречи нападот врз Јанакиески, но извештајот се чува во тајност.

Наместо да прифати одговорност за сомнителниот случај во кој се пуштени да шетаат во исто време екс-министри од ВМРО-ДПМНЕ и терористи од Диво Насеље, директорот на затворот Котевски обвинуваше дека „според сите извештаи“ Ристовски и Јанакиески провоцирале (иако правобранителот кажа дека такви се само извештаите-сведочењата на тепачите), а портпаролот на СДСМ тепањето со кое се фалеше Малишева го нарече „сценарио на ВМРО-ДПМНЕ“.

Оставката која ја побара Заев и ја понуди директорот на Шутка Котевски ќе се разгледува по изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.