Деветти ден од притворањето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – деветти ден тој  штрајкува со глад во истражното оделение во затворот „Шутка“.

Изнемоштен е, одбива секаква храна, а дека е во лоша здравствена состојба е видливо и физички и психички. Од семејството ги демантираат шепкулациите кои проструија во некои медиуми дека Јанакиески примал храна само д дома.

Апсењето по којзнае кој пат на поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку политичко изживување врз неистомисленици, што го поврдува и судската наредба тој да биде доведен на судење на судското рочиште „Шамари во Центар“ од неговиот дом, од каде што три дена претходно од домашен притвор беше префрлен во притворското одделение во „Шутка“.

Дека Миле Јанакиески е жртва на политички профон потврдва и неговата сопруга, која преку статус на Фејсбук порача „политиката нема да се исчисти ако се изживуваш со Миле“. Во истото отворено писмо до јавноста, таа сведочи и за состојбата на сопругот и за тоа дека против него се води психолошка војна.

Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.

Знам дека вистината еден ден ќе излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ќе ја дочека здрав и читав, напиша на Фејсбук Сања, сопругата на Миле.

Поранешниот министер за транспорт и врски заработи притвор за случај со пренамена на државно земјиште во случајот „Шпански скали“, заедно со двајца актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата случајот го оценуваат како класичен политички прогон.

Знаеме дека власат сака да се одмаздува. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат недолжните службенички коишто ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа.

Внимавајте ова е случај во кој нема криминал, корупција, ниту кај било кој од оние кои се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или противправна имотна корист, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на 28 јуни за приведувњето и додаде дека власта е во очај поради губење на довербата кај граѓаните.

Еден од адвокатите на Јанакиески, адвокатот Еленко Миланов, вели дека е недозволено во сила да бидат две решенија за притвор – едното за куќе притивор, а другото за затворски протвор.

Прекршен е законот, односно на сила се две решенија за притвор, едното за куќен притвор одреден за случајот „27 април“ и сега за новиот предмет, за кој доби притвор. Тоа е недозволено. За потешка квалификација, за „27 април“ доби куќен притвор, а сега притвор, со истите образложенија дека можел да избега или да влијае врз сведоци, вели адвокатот Миланов, додавајќи дека куќниот притвор се пкажал како ефективен и не требало да се менува за притвор. – изјави Миланов за „Фокус“.

За штрајкот со глад на Јанакиески е информиран и Кривичниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.