12 април 2012 година, ден четврток, Велики четврток… Стигна веста дека се убиени момчиња кај Смилковско Езеро. Желба да е само една патка, неточна вест, непроверена информација, лажна вест… За жал беше вистина… извршено е убиство на пет лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Во завршниот збор за случајот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи потенцираше дека прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот и тој беше вратен на почеток, не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.

Таа потенцираше и дека и покрај тоа што премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“, се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста.

Ниту прислушуваните материјали, ниту неговото сведочење, не ја сменија вистината во „Монструм“, истакна Фетаи.

Откако им ветуваше дека ќе ја дознаат вистината за она што се случувало кај Смилковско Езеро на Велики четврток, кога загинаа нивните чеда, Зоран Заев ги сруши очекувањата на родителите на убиените момчиња.

Уште и пред неговото сведочење во Кривичниот суд беше јасно дека Заев ја злоупотреби болката на родителите и семејствата на убиените момчиња за гласови на изборите во 2016.

Сведочењето трауматично искуство за кревкиот Зоран 

По сведочењето за случајот „Монструм“ во Кривичниот суд Зоран Заев изјави дека за него, ова е траума, но два и пол часа давал исказ за да се дојде до вистината.

ПИ-мерките беа јасни во тоа време за осомничените. Тие се дел од разговорите од неовластеното прислушување. Истрагата може ќе покаже дека некои се виновни, други не се. Јас не оценувам кој е виновен, а кој не. Ако постојат докази за вина, тогаш треба да има вина. Ако нема вина, нема вина. Постои независно судство и така се носи сега правдата во правна држава, рече Заев и додаде:

Тој рече дека сите материјали ги доставил до СЈО, а дека некои од аудиоснимките им ги пуштил, но не им ги дал на родителите. Заев пред судот изјави дека нема сознанија за вмешаност на лица во случајот ниту од неговата партија СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавите на Заев се кривично дело „Внесување страв и забуна кај народот“

По сведочењето на Заев новинарот Саше Димовски ќе рече дека изјавите на Заев за „вистината за „Монструм“ биле само празен политички памфлет на Зоран Заев.

Празен политички памфлет кој имал за цел собирање на гласови или држење на тензија што ако внимателно се разгледа кривичниот закон сега може да се најде и сериозно кривично дело за ваквите изјави и за внесување на страв и забуна кај народот, бидејќи од 2015 година па наваму ние можевме да слушниме изјави за тоа дека монструм често се поврзуваше и со националната безбедност-нагласи Димовски.

Истакна дека тоа што во 2015 година беше објавено односно не објавено во сите јавни настапи на СДСМ бидејќи тие само навестувале дека има нешто за монструм но сепак јавноста не слушна ништо повеќе од само сомневања изразени од лидерот на СДСМ.

Да се потсетиме што се случуваше и каков е ставот на родителите на убиените момчиња.

Родителите на жртвите неколкупати апелираа до судијата Огнен Ставрев Заев да се најде на листата сведоци, за конечно да се соочат со него и со неговите лаги.

Таткото на Александар, Горан Наќевски, побара од Ставрев стражарно да го приведе премиерот, затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, го обвини Заев дека откако склучил коалиција со ДУИ, тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни, рече Наќевски.

Тој продолжи, во име на сите родители:

Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме!

Во едно од ретките интервјуа, Наќевски за „Алфа“ вели и дека токму поради овој политички пазар, Заев е поголем монструм и од убијците.

2015 друго ни ветуваше, сега друго прави. Револтирани сме и од Катица Јанева ни ветуваше дека прв случај ќе биде, ама молк и од таму како што гледате. Мислиме дека и таа е политички пазарена со СДСМ и ДУИ, рече Наќевски во октомври 2017.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Потоа повторно беше дадено на ОЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.