Нов фрижидер завчера е предаден и пуштен во употреба во Полицискиот синдикат во Кавадарци, објави претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев.

Фотографии и оригиналната објава од оваа свечена полициска церемонија објавуваме подолу.

Почитувани денес во Кавадарци од страна на Потпретаедателот на МПС Зоран Крстев и Претседателот на Совет на МПС Велес Трајче Цветков со цел обезбедување на подобри услови за работа на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Основната организација на МПС “Кавадарци ” на Претседателот на ОО Кавадарци Горан Ѓелов му беше предаден за користење еден фрижидер, набавен од средствата за тековно функционирање на Советот Велес. Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува! СЕКОГАШ ВО ЗАШТИТА НА ЧЛЕНОВИТЕ! ГИ ПОДОБРУВАМЕ НА УСЛОВИТЕ НА РАБОТА! – стои во објавата н Фаејбук.

Потписник на објавата е претседателот на Македонски полициски синдикат, Марјан Кицев. А како што може да се види од фотографиите, фрижидерот има и коморче за длабоко замрзнување. Со здравје да се користи и долго да служи опремата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.