СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен охриќанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Како што информира денеска СВР Охрид, тој на 25 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон група граѓани – оваа информација е дел од денешниот билтен на МВР.

Охриѓанец пишувал недолични коментари поради што заработил кривична пријава. И секако, истиот ќе биде осуден за нешто што напишал на социјалните мрежи. Онака како што им се судеше на голем број неистомисленици со актуелната власт. И оваа информација може ќе поминеше онака, лабаво, како дел од полицискиот билтен…

Но, Елхам Шкрета, полициски службеник на полицискиот премин Блаце, кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона, денеска напиша коментар полн омрза, со доза на закана. Шкрета, кој е раководител на смена на Блаце, под линк од денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски напиша:

Може ли Спасовски се по список да ти е.. Мрш племе невидено.

Дали МВР ќе поднесе кривична пријава против својот врботен Шкрета? Ќе биде ли поведена дисциплинска постапка против ова лице кои носи службена униформа? Има ли МВР етички кодекс на однесување? Или пак, како многупати досега – полицијата за едни е мајка, за други маќеа?

Името на Шкрета не се споменува првпат во јавност. Тој присуствуваше и јавно говореше на трибина за поддршка на Стево Пендаровски, претседателски кандидат поддржан од власта, во април 2019 година. Тогаш Нетпрес пишуваше дека Шкрета во моментот кога му давал јавно беса на Заев, дека на овие избори ќе победат, тој требало да биде на своето работно место.

-До нашата редакција, пристигна документ кој укажува на тоа дека инспекторот прво се потпишал дека бил на работа тој ден, па откако увидел дека неговото присуство на митингот е „забележано“ и се совпаѓа со периодот кога требало да присуствува на работа, ги прешкpтал сите негови евиденции на распоредот за работа за месец април, напиша тогаш Нетпрес.

Според законот, полицискиот службеник не смее да основа, да раководи и да биде член на раководство на политичка партија. Полицискиот службеник со членувањето во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го доведува во прашање неприcтpacното и законито вршење на полициските работи. Не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите и службените возила на полицијата, партиски да се организира или дејствува во Министерството. Полициските службеници не смеат во униформа на Полицијата да присуствуваат на партиски активности и манифестации… Но ова не важеше за Шкрета. Дали Шкрета повторно ќе биде над законите?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.