Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, во правосудните органи на САД пријавил дека против него се подготвувал атентат, велат извори на весникот Лајм. Според овој извор, нарачател на атентатот е висок функционер на ДУИ, кој минатиот месец, два до три дена престојувал во Чикаго, каде што живее Ел Чека.

Информациите се уште официјално не се потврдени. Изворот вели дека Ел Чека се сомнева дека засегнатиот функционер на ДУИ им дал или им ветил пари на некои Албанци кои живеат во САД, а кои претходно соработувале со Југословенската УДБА, а сега со тајната служба на Србија и на Македонија, за да извршат атентат врз Ел Чека. Прочитајте го последниот негов статус на Фејсбук и ќе разберете за што се работи. Мислам дека овој функционер е многу близок до Али Ахмети, изјавил изворот за весникот Лајм, кој сака да остане анонимен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.