По суспензијата на обвинителката Вилма Рускоска висат односно заглавени се предистрагите за најмалку два случаи во кои се инволвирани двајца функционери на СДСМ, „Беса транс“ и за финансиската полиција во која се гони Арафат Муареми.

Порталот мкд.мк пишува дека при крај е собирањето докази во предистрагата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници.

Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиската полиција Арафат Муареми. По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска засега не се знае кој обвинител ќе ги води одие предмети, пишува порталот кој открива скандалозни наоди на истрагата кои одат директно до министерот за полиција Оливер Спасовски.

„Виа комерц“ од Глумово, техничката станица во која беше регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 46 патници, пред регистрацијата на автобусот веќе имала непотпишано решение за затворање поради бројни пропусти во работењето. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед три дена по трагедијата, 23 ноември 2021 година, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. На 5 октомври во „Виа комерц“ се регистрирал автобусот на „Беса транс“. Во извештајот во август било запишано дека во „Виа комерц“ „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, пишува МКД.мк.

Русковска потврди дека доказите за овој предмет биле собрани, се чекало на распит на сведоци, информира Русковска која вели дека поради суспензијата и одморите на обвинителките засега не се знае кој ќе ја преземе предистрагата за овој случај.

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни дека наместо државниот обвинител Јовески да ѝ даде поддршка на Рускоска да расчисти со криминалот, тој застанал на другата страна.


Повеќе на мкд.мк

Фото: Твитер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.