Во денешното издание на емисијата Win-Win на телевизија Телма, аналитичарот Висар Адеми го искритикува однесувањето на премиерот Зоран Заев на своите настапи кон јавноста, како и неговото изразување во симболична и недолична смисла.

Не ми се допаѓа речникот кој го користи господинот Заев. Не знам кој од премиерите во државите со оние со кои што сака да биде господинот Заев користат ваков речник, барем и да се користи симболично, на пример за некоја реструктуација на владиниот состав дека ние ќе метеме и ќе чистиме, се знае како тоа се прави, и ние сакаме одговорност од тие владини службеници. Тоа се прави така што се заблагодаруваш на услугите што ги дале за Република Македонија до сега, фала ви многу, пријатно, од утре имаме ново решение, не се прави со метла, не се прави симболично, не се прави така како што го прават овие сега со новиот ПР. Апсолутно не е добра порака за сите луѓе коишто ќе дојдат да ги дадат нивните интелектуални услуги на оваа власт – рече аналитичарот Адеми.

Тој рече дека оправдувањата кои Заев ги користи дека зависи од малите политички партии, мора да му се одземат и да се направи нов состав на Влада или Собрание.

Нас навистина ни треба нов состав, Владин, Собраниски, заради тоа што на пример кај Албанците имаме две-три политички партии коишто имаат двајца-тројца пратеници, а имаат 20-30 функционери на пример. Тоа не е добра работа, а Заев зависи од нив, но не може од нив да зависи иднината на Македонија. Сепак треба да имаме нов состав, ново кадровско решение во власта и да ја одземеме таа јустификација на Заев дека зависи од малите политички партии – рече Висар Адеми.

Тој се осврна и на скандалот со ИВЗ додека Бујар Османи се жалеше на навлегување во слободата на вероисповеста, а денеска истата ИВЗ повикува за масовно гласање што не е нивна работа.

Мене менаџерскиот стил на господинот Зоран Заев апсолутно не ми се допаѓа затоа што кај него нема одржливост на изјави, еден ден вика јас не го признавам реисот, па реисот излегува со изјава. Еден ден вика јас сум за владеење на правото, наредниот ден за амнестија, едниот ден вика дека треба да се дадат оставки, третиот ден имаме вработувања на деца на пратеници. Не може да има анархија, мора да има одговорност од тие луѓе што се носители на овие функции. Мислам дека со оваа изјава на ИВЗ има купување на уште еден мандат. Има ноќно пазарење со гласовите, „анимирајте ги таму тие граѓани по џамии во петок после клањање на џума за да можеме да добиеме цензус и со тоа ќе завршиме со оваа страница на влегување на инспекции или на Влада кај вас и со тоа ќе бидеме квит – рече тој.

Висар Адеми рече дека треба да запрат заплашувањата ако не гласаме за Стево и за СДСМ, и рече дека треба да се има проактивна кампања, а не заплашувања по институции за поткуп за гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.