Лекувањето на новозаболените со ковид-19 сега трае многу подолго од лани, а се влошува состојбата кај младите пациенти, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата на која беа соопштени новите рестриктивни мерки.

Имаме голем број на хоспитализирани пациенти, лекувањето трае нешто подолго во однос на минатата година и тоа е дополнителен терен на сите болници и здравствените работници. Сметаме дека празниците кои доаѓаат може да ја комплицираат епидемиолошката состојба и не сакаме да дозволиме да се случи дополнително оптоварување и затоа се сите овие мерки и рестрикции. Состојбата во регионот е слична и во многу други земји се соочуваат со исто така силен бран. Ангажирани се сите болнички капацитети и во функција се сите ковид – болници. Има намалување на инциденцата во некои градови, но во Куманово, Битола, Кичево и Тетово со уште висока инциденца, изјави Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.