Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Виница. По средбата со граѓаните во општинскиот штаб Мицкоски на Фејсбук напиша дека виничани се незадоволни од власта.
Велат лебот поскапе, воведоа акциза за горива, сега ги покачуваат даноците, сиромаштијата се зголемува. Парите помалку вредат, затоа што се е поскапо. А владата го отежнува животот.
Земјоделците се разочарани бидејќи немаат поддршка во земјоделието.
Виница е раселен град. Нема семејство, нема куќа од каде некој не е иселен. Тоа е така затоа што во градот не ја гледаат иднината. Поразителен факт за нашата земја. Згора на тоа ја обезличуваат земјата. Го менуваат Уставот со цел да го променат името. Ја валкаат и се откажуваат од нашата историја, а ја коцкаат нашата иднина.
Мицкоски го пренесува револтот на жителите на Виница, од премиерот и владата, кои наместо да нудат решенија, се занимаваат со политички прогони и притисоци.
Тие не сакаат да се знае вистината. Ова се работите за кои Заев не сака да се збори. Затоа бега од ТВ дуел. Иако устите им се полни со раскажување за европските вредности, тие не застапуваат ниту една од тие вредности. Црнилата нема да победат. Ќе изгрее зората на слободата! Зората ќе донесе успех! Зората ќе изгрее за секој еден од вас! Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж и подобри времиња.Оваа зора е за Македонија!, пишува во својот статус на Фејсбук Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.