Шефицата на обвинителството за гонење на огранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која ја води истрагата за „Рекет“, денеска се вратила на работа, потврдија за „360 степени“ од оваа институција. Таа го искористи законски предвидениот минимум за годишен одмор и од денеска продолжува со работните обврски, велат од Обвинителството.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, неколкупати најавуваше дека неделава во обвинителството ќе биде повикана и шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, но сè уште нема прецизен датум кога таа ќе сведочи за „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.