Битола со години е на листата на најзагадени градови во Македонија, а иако многу ветуваа, откако дојдоа на власт, СДСМ не направија ни еден чекор во борбата против загадувањето. Денеска, откако на прагот за суспендирани честички во воздухот со големина од десет микрометри (PM10) во два последователни дена ја надмина вредноста од 100µg/m3, сè што направија беа јавни препораки до граѓаните за заштита на сопственото и здравјето на други лица.

Советникот Иван Чулакоски од Поинаку остро реагира што на синоќешниот протест пред Општината дојдоа премалку граѓани, но пред сè затоа што градските власти, на чело со градоначалничката Наташа Петровска во овие две години не направија буквално ништо за да го спречат загадувањето.

Добро утро битолчани…

 

Моментално надвор е преку 350 ПМ10, што значи 7 пати повеќе (ЧИСТ ОТРОВ) од тоа што ви е загарантирано право со устав и кое треба да ни го обезбедат оние кои ги гласавте на изборите. Власта де!!!

 

Прво ќе ве прашам дали ги пуштивте вашите деца на училиште денес?!
– Ако ги пуштивте, тогаш свесно ги труете и не очекувајте некој друг да се грижи за нив ако вие сами не се грижите.

 

Многу од вас редовно постирате на ФБ, разговарате со пријателите, со колегите дека не се диши, дека е премногу загадено и дека секој ден има по еден новозаболен од ЛОШОТО, но мора да ви биди јасно дека проблемот нема да се реши од седење дома, објави по ФБ и плачење.

 

Не ми е јасно како можите да гледате дека дека некој ве убива вас и вашите најмили и да седите со скрстени раце и воопшто да не пробате да се одбраните или барем да го нападните УБИЕЦОТ. Какви луѓе сте? Сте се запрашале?

 

Сетете се на сите оние кои сте ги испратиле и кои ги чекате да заминат од ЛОШОТО.

 

Инаку вчера на протестот кој иако беше касно најавен излеговме 150 луѓе. Иако не дојдовте и во ваше име побаравме Општина Битола за оваа зима да отвори пунктови и да дели бесплатни маски за загадениот воздух бидејќи за се друго е касно оваа зима. Во две години како се на власт НИШТО ама НИШТО не направија против аерозагадувањето. Видовме тикварници, сливници, стој на гла, партиски вработувања, а за водухот ќе мора изгледа да почекаме.

 

Јас да ви кажам не чекам повеќе, ПРЕКУ ТАСЕТА ми е од лажговци и неспособни луѓе кои ни го водат градот. Од луѓе кои дојдоа на власт поради загадувањето со приказна дека прво тоа ќе го решат. Кои протестираа со мене и беа најгласни а сега уживаат во комодитетот на фотељите и заборавија на загадениот воздух, сега не им смета. Јас продолжувам со борбата до крај, се додека Битола не почни да диши чист воздух. На вас оставам дали ќе се приклучите или само сеирџиски ќе гледате од дома, ќе постирате на ФБ и ќе плачите по болници и погреби.

 

СИТЕ ЌЕ УМРИМЕ, без разлика на политичка партија или верска припадност!!!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.