Ако ботоксираниот работел со обвинител, а денес и некој обвинител си поднесе оставка, тој рекетирал во период од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, според ОЈО.

Тоа што е интересно е дека во периодот пред тоа, интензивно се дружи со Катица, веќе има обиди за рекет на Азманов кој откри дека синот на Катица работи кај Боки 13, и види чудо некаде во септември си става слика со Обвинителката каде најавува дека нешто „големо и интересно се подготвува“.

И види пак ново чудо, почнуваат да се апсат луѓе набрзо после тоа. Што мене ми кажува, ботоксираниот и обвинителот не учествувале само во споделување информации или бомби, туку во фабрикување случаи, па рекет, па прекин на истражните дејствија.

Вака аналитичарот Ивор Мицковски го коментира денешниот прес на јавното обвинителство по приведувањето на Бојан Јовановски и Зоран Милески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.