Сведоци на големата трагедија во селото Ласкарци, кога вчера автобус на претпријатието Дурмо-турс од Гостивар излета од автопатот и падна во бездна, по што се преврте, го испратиле првото видео направено по сообраќајната несреќа.
Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, првин не сфатиле што се случило, па тргнале да видат од каде доаѓа чадот што се гледа на видеото и што е тоа што паднало крај нив со силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, наишле на човек ако лежи на асфалтот, потоа дознале дека е тоа возачот на автобусот.
Еден од првите кои им притекнале во помош на настраданите е и Фестим Русани, вработен во Владата, кој се нашол на местото на трагедијата само неколку минути потоа, одејќи од работа кон Тетово, каде што живее.
За АКО.мк вели дека неколкумина веднаш притрчале да помогнат,а тој побарал помош од началникот на Брза помош во Тетово, Адем Рамадани.
Рамадани веднаш испратил 4 болнички возила и дошол на местото на трагедијата.
Рустани го известил и министерот за здравство, Венко Филипче, а потоа и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по што сите реагирале, испратиле помош и самите пристигнале во Ласкарци.
Видеото погледнете го на Ако.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.