Премиерот во заминување Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска се во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска.

Предвидено е Заев да се сретне со неговиот шведски колега Стефан Лофвен, а од Владата најавуваат дека отворени се можности и за други билатерални средби.

Премиерот во заминување заедно со вицепремиерката во заминување се поканети да присуствуваат и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се залагаат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе и економијата. На конвенцијата ќе присуствуваат повеќемина премиери и претставници на влади од Европа и светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.