Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас.

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува.

 

Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.

 

Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема.

 

Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки.

 

Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка.

 

Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери.

 

Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески.

 

Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години.

 

Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.

 

Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине, се вели во соопштението од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.