Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра, потсети портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски додавајќи дека денеска сме сведоци на криминал до гуша на фамилијата Заеви, каде што 2 случаеви се клучни кои денес беа објавени.

Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.
Второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000€.

Значи да сумираме, за овие 2 дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш:

-Вице Заев
-Васко Ковачевски
-Стојан Чифлигароски
-Лазе Велковски
-Оливер Спасовски
-Вилма Русковска
-Љубомир Јовевски

П.С. Ме прашуваа денес одредени новинари, дали името СВ Инвест значело –
Стојан ; Вице Инвест, па еве јавно да упатам прашање, дали СВ е иницијали на овие двајца луѓе?
П.С.С Вице се жали и плаче дека Мицкоски му се заканувал и дека ќе одговарал. Погрешно разбрал, не е закана, вистина е.
Ќе одговараш!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.