Судијката Софче Ефремова Гаврилова го отстрани од денешното рочиште првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“. Тој ѝ рече дека има закани за нејзино разрешување и затоа така се однесувала.

Ви претат дека ќе ве разрешат. Тоа ви го прават и затоа се плашите кога ќе се спомемне политика. Ја кажувам вистината, нема никаква тенденција, рече Боки.

По ова судијката нареди тој да биде отстранет од судницата, а судењето продолжи со читање на СМС пораки на Боки најчесто со Александар Кирацовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.