Вие пред избори велевте дека вашата визија е зголемување на десет проценти на пензиите секоја година, потсети претседателот на Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ Лазар Јовевски, кој вечерва на „Топ тема“ дебатираше со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Сите индикатори покажуваат дека на долг рок ПИОМ има проблем. Покачувањето на пензиите најчесто се сведува на ретокрика дека е симболично. Вие пред избори велевте дека вашата визија е зголемување на десет проценти на пензиите секоја година, во овој контекст се изненадив и видов дека ако тоа се исполнело ќе требало да се исплатат 5 милјарди денари заклучно со месецов, рече Јовевски.

Јовевски посочи дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не е стабилен зошто треба да има ситуација 1:3, односно на еден пензионер тројца вработени, а сега ситуацијата е 1 пензионер, а 1,8 вработен. Во оваа ситуација, додаде тој, треба да се задржиме на три поенти, прво, финансиска одржливост на системот, второ, опфатот колкава ќе биде старосната граница и трето, визија, програма во која насока ќе оди реформата на пензискиот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.