„Нема правда, нема мир“, „Сакаме слобода“, „Али предавник“ и „УЧК, УЧК“ ечеше денеска во Скопје од протестот на група граѓани Албанци кои бараат да се решат сите монтирани судски предмети.

Протестниот марш за правда, организиран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а поддржан од партијата Беса, започна од паркот во Чаир и продолжи до Собранието.

Меѓу демонстрантите, покрај семејството и пријателите на Ел Чека, како и припадници од Беса, маршираа и ветерани од УЧК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.