Нема дно кое СДСМ не може да го пробие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со написот и текстот „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од корона вирусот“ објавен на, како што велат, провладиниот „Фронтлајн“.

Медиум под контрола на власта во континуитет шири лажни вести по насока на СДСМ и Зоран Заев. Профитерот Заев шири лажни вести и ја злоупотребува кризаа со коронавирусот за да ја сокрие неспособноста. Штабскиот парапортал „Фронтлајн“ продолжува да шири паника во име на СДСМ, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека фотографијата која порталот „Фронтлајн“ ја објавува и ја презентира како да е сликана вчера, е  е направена пред најмалку една година, далелу пред кризата со коронавирусот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги почитува препораките на СЗО и дејствува во согласност со најдобрите здравствени пракси за справување со коронавирусот – мерки, кои преку партиските прес-конференции и се предложени и на власта со цел општа имплементација. Очигледно е дека СДСМ не може да го помине денот без да шири омраза и паника преку лажни вести, па дури и кога граѓаните се во грижа и страв како најбезбедно да го поминат периодот, тие не пропуштаат прилика да ја манипулираат јавноста. Ова покажува дека профитерот Заев е спремен на сè само за да ја сокрие неспособноста на владата која е видлива во секое поле, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.