На денешното рочиште за 27 април сведочеше и вештакот проф. д-р Мирослав Котевски, ангажиран од одбраната. Тој објасни дека разгледувал обемен материјал, хардиск и листинзи од мобилните телефони на обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, пред и на самиот ден 27 април 2017 година. Во нив имало, смс-пораки, разговори и ммс-пораки.

Тој вештачел 168 разговори на Спиро Ристовски, но нема доказ дека на споменатиот датум имал комуникација со Миле Јанакиески.

Конкретно бројот 075 378… кој му припаѓал на Спиро Ристовски немал комуникација со двата броја 070 208…. и 075 401…кои ги користел Миле Јанакиески, појасни вештакот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.