Зоран Верушевски во септември ја финиширал постапката за купување на луксузен стан во комплексот „Парк Резиденс“ во срцето на Градскиот парк во Скопје, дознава „Нетпрес“.

Според информациите на порталот, се работи за стан од 139 м2, со поглед на кејот на Вардар и луксузно опремен со најмодерен мебел.

(фото: Нетпрес)

Преддоговорот помеѓу Зоран Верушевски и Друштвото за градежништво, трговија и услуги ИММОРЕКС МАКЕДОНИЈА на Енвер Малиќи, е склучен на 26 септември годинава, кај нотар во центарот на Скопје. Малиќи му го продава комплетно опремениот стан на Верушевски по цена од 165.200 евра, или по 1.188 евра по метар квадратен.

Повеќе на „Нетпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.