Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за Пуч го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување, открива вечерва Код на телевизија Телма.

Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа. Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа.

Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади, за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“, вели Лупевска во КОД.

Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком. Овие извори на Код тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот . Верушевски тогаш ќе каже: „Не постои шпионажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протокли кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап“.

Но, во исказот од понеделник за „Тврдина Таргет“, Верушевски вели поинаку.

Инаку екипата на КОД на ТВ Телма дојде и до запленети фотографии на кои се гледа блискоста на двајцата Зорановци додека биле во притовор за „Пуч“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.