Зоран Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од над 2, 5 милиони денари за „Пуч“.

Верушевски кој не се појави во судот за да ја слушне пресудата, бараше отштета од државата во висина од 71.000 евра по судски пат поради 344 дена поминати во притвор.

Како што е познато, тој беше притворен веднаш откако стана јасно дека постојат политички бомби во рацете на Зоран Заев, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.

Подоцна, за оружјето беше ослободен, додека обвинението за „Пуч“ го повлече специјалната обвинителка Катица Јанева, со што тој стекна право за отштета од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.