Примив честитки за потпишаниот Протокол за пристапување на нашата земја во НАТО од поглаварите и претставници на верските заедници во Македонија, со верба дека НАТО ќе ни донесе траен мир за нашата земја, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во кусото соопштение се вели дека на средбата се разговарало за актуелни прашања од значење за верските заедници.

Заеднички изразивме согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледавме можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.