Откако ја совлада мајсторијата со моторите дружејќи се со постариот брат Заев, министерот за здравство, амбицијата за вовлекување во муртинското семејство ја прошири и на помладиот – Вице. Последните сончеви зраци Вице и Венко ги користат оптегнати на лежалки за ковање стратегија за борба со пандемијата.

Доказ за ова се овие фотографии објавени на социјалните мрежи, на кои освен Вице и Венко убаво се гледа и за каков тип забава се одлучиле.

Според информациите што се споделуваат на Твитер, Венко и Вице се фотографирани на „текила забава“ во Пефкохори.

Така, Заев помладиот и амбициозниот Венко кога не се оптегнуваат на лежалка, се разонодуваат на скутер на вода.

И ако ви изгледаме изненадени од фотографииве, напротив, не сме. Зашто веќе знаеме, премиерот ни кажа во минатото, дека Венко и Вице се среќаваат за да им помагаат на луѓе, а не за тендери. Скраја, срамота некој на тендери да помисли среде пандемија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.