Нацрт-законот за употреба на јазиците на Македонија ќе биде тема на разговорите на членовите на делегацијата на Венециската комисија кои на 5 и 6 септември ќе допатуваат во Скопје. Тие ќе имаат средби со претставници на власта и на невладините организации, јавува МКД.мк.

Мислењето за ова прашање Венецијанската комисија ќе го даде по пленарната седница во октомври. Подготовката на ова нацрт-мислење се финансира во рамките на проектот на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција, а имплементиран од Советот на Европа.

Ова е официјалното соопштение на Венецијанската комисија за нивната посета во однос на давање на нивно мислење за Законот за двојазичност.

Интересно е тоа дека тие најавуваат дека ќе разгледуваат нацрт-закон за двојазичност, а кај нас овој закон веќе е во сила.

Законот за употребата на јазиците е донесен уште во јануари 2018 година, па по вторпат изгласан во март истата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.