Се очекува Венецијанската комисија денеска се да го објави конечниот извештајот со препораки за Законот за употреба на јазиците, кои неколку дена различно се толкува од политичките партии.

За Комисијата спорна е пред се имплементацијата на законот во делот на правосудството и казнените одредби, а според венецијанската комисија, дел од законот излегува од предвидените рамки и европската пракса.

СДСМ и ДУИ излегоа со различно толкување за препораките на венецијанската комисија за законот за јазиците. Премиерот Зоран Заев прво најави дека власта ќе ги испочитува укажувањата, а потоа и ретерираше, потенцирајќи дека нема да се дозволи повторно да се отвораат  работи кои би можеле да не поделат. Изјавата на премиерот следуваше неколку часа откако вицепремиерот Бујар Османи предупреди дека секое едонстрано поместување на законот може да ја врати земјата во перидот пред 2001-та година и да отвори спирала која ќе не помести од патот кој што сме тргнале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.