Инфектологот Веле Марковски е против враќање на полицискиот час, кој го нарекува алиби на власта, поради алармантниот број новозаразени и активни случаи со Ковид-19.

Основните мерки за контрола на бројот на новозаболени со КОВИД-19 (по примерот на справување на епидемии со грип) се затворање на училишта, следната мерка ако бројот е сеуште висок е забрана за јавни собири или масовни собирања (над 10, над 20 луѓе зависи од проценката). Во случајов со пандемијата со КОВИД-19 додадовме и задолжително носење на заштитна маска во затворен простор. Овие три мерки се сосема доволни за контрола на пандемијата, и сигурен сум со доследно почитување на овие мерки бројот на ново заболени ќе биде во мал број со кој здравствените институции успешно ќе се справат, пишува Марковски на „Фејсбук“.

Додава и дека впрочем и најголемиот број на заболени кај нас се од јавни собири како мекици, свадби, ифтари, родендени…

Деновиве сме сведоци на масовни собирања во диско клубови, ноќни клубови, кафиќи… Несватливо е да во услови кога здравството ни е на ивица на издржливост, здравствените капацитети скоро полни, да се однесуваме релаксирано како ништо да не ни се случува/случувало. Несватливо е непочитување на најглавната мерка за контрола на новоинфицираните, во услови кога училиштата не работат. Не сме ли спремни како општетство да се организираме, да почитуваме, да заштитиме. Сепак ако сакаме вистински резултати треба правилно да анализираме. Секако забуна и непочитување на мерките носат различните реакции на надлежните институции. Јавно пренесен масивен собир, од политички настан, прослава на победа, митинг… не е осуден од институциите, а што е уште поважно колку што јас знам такви јавни собири треба да се најават и да се побара дозвола, значи или некој дал дозвола за таков собир или ако се одржал без дозвола, морало да се спречи или да се прекине. Секако не е оправдување, но вероватно е логично за дел од тие млади луѓе кои биле на такви собири, следниот ден да се соберат во некој ноќен клуб. Од друга страна, сведоци сме на бројни предизборни спотови, прзентации на партиси програми, тв дебати… со многу помалку потрошени средства институциите можеа да направат едукативна кампања за спроведување на мерките. Сега многу погрешно би било воведување на полициски час, или построги мерки, потенцира тој.

Додава дека сосема доволно е носење на заштитна маска во затворен простор и почитување на забраната за јавни собири.

Сè друго е казнување на дисциплинираните за сметка на непослушните (народната не можеш по магарето, удри по самарот). Паничната реакција (или планирана) со повторно воведување на полициски час или уште построги мерки е само алиби. Не може да се верува дека институциите не можат да ги спречат јавните собири, ама ќе можат да го држат целиот народ затворен. Јасни, енергични неселективни мерки кои ќе важат за сите. Нема групирање или собирање на повеќе од 20 луѓе, и носење на заштитна маска во затворено, носење на заштитна маска на секаде на лица кои имаат симптоми или се чувствуваат болни. Сосема доволно за контролирање на пандемијата, пишува епидемиологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.