Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски реагира на вчерашната изјава од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски околу конституирањето на Парламентот и посочува дека прв случај кога иако не бил избран претседател на Собранието и била прекината седницата, претседавачот да го известл претседателот на државата дека законодавниот дом е констутиран не бил во 2016, туку при петиот собраниски состав во 2006 година.

– Сакам да ја известам јавноста, но и претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата, претседавачот да го извести претседателот на државата дека е констутирано Собранието. Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти  парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година. Тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница по третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ, бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ  и ја одложи седницата, но истовремено на ден  27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач, а не како претседател на Собранието на РМ го известува претседателот на  РМ дека е конститутирано Собранието иако не беше избран претседател на Собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор, се наведува во реакцијата на Вељановски во која тој упатува и на консултирање на архивата на шефот на државата и на архивата на Собранието.

Од кабинетот на Пендаровск вчера соопштија дека согласно уставните одредби во член 90 став 1 и рокот за доделување на мандатот е 10 дена од конституирањето на Собранието и оти со денот на верификацијата на мандатите на пратениците се смета дека Собранието е конституирано. При тоа се укажува дека при конституирањето на Собранието во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите, иако не е избран претседател.

– Кабинетот на претседателот го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери со кој ќе го информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на ден 4 август 2020 година. Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020 година, посочуваат од кабинетот на Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.