Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски денеска од собраниската говорница запраша како може заменик министер за локална самоуправа да го брани законот за Советот на јавни обвинители, како да се дискутира и дебатира со него и што тој знае од тој закон.

Министерката за правда не го бранеше Законот за јавно обвинителство, не е тука за закон за совет за јавни обвинители, ништо не кажуваат, не образлагаат, ни аргументи не даваат, и го понижуваат собранието заменик за локална самоуправа да го брани законот за совет на јавни обвинители. Законот за совет за јавни обвинители е поврзан со Закон за јавно обвинителство и во тој закон за Јавно обвинителство во член 110а една групација се амнестира, друга не. Зошто има нееднаквост? Или важат снимки и материјали за сите или не важат? Зошто селективност? – запраша Вељановски.

Тој истакна дека членот го имаат вметнато за пазар исто како што и законот го сменија за 3 часа, кога министерката за правда излажа дека се работи за техничка грешка, а всушност се достави нов закон.

Овој закон беше доставен во Собрание во понеделник околу 16 часот и ние чекавме додека министерката викаше техничка грешка. Не беше техничка грешка, туку пазар додека не се смени како што бараше ДУИ. Вие го повлековте законот и доставивте нов, штом го повлекувате и носите нов тоа не е техничка грешка – потенцираше Вељановски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ниту еден закон нема да спаси никого и дека секој кој мисли дека ќе се спаси од криминалот се залажува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.