Она што е многу важно е да бидиме надвор на улиците затоа што верувајте овие денови повторно Република Македонија е на крастосница, повторно над Република македонија се нависнати темни облаци. Но тоа не се облаци кои што носат дожд и снег, тоа се облаците на Заев и заевизмот. Овој човек за жал повторно се пазари со идентитетот на Македонецот. Овој човек повторно за жал се пазари со македонскиот јазик и македонската посебност, вели пратеникот Александар Велјановски на денешниот протест во Тетово, Оставка за Заев, слобода на народот.

Велјановски вели дека Заев нема право да се пазари со честа и достоинството на Македонскиот народ, како и дека Македонците не се дрво без корен, туку дека имаат свој корен.

Ние Македонците не сме дрво без корен. Ние имаме свој корен. Ние не живееме само во Македонија, Македонци има и во Република Грција и во Република Бугарија, на целиот Балкан, па и во цела Европа. Зоран Заев нема право да не отпишува како Македонци. Зоран Заев нема право да се пазари со нашата чест и нашето достоинство, вели тој

.
Велјановски, порача веднаш оставка на Зоран Заев се со цел ослободување на народот и државата.

Зоран Заев поднеси оставка и ослободи го овој народ и оваа држава, изјави Велјановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.