Адвокатот Еленко Миланов го објасни текот на седницата на 27 април 2017 година. Тој објасни дека Вељановски едноставно морал да му даде збор на пратеникот Зекирија Ибраими како заменик координатор на пратеничка група.

Моментот кога решава да ја пее албанската химна е негова лична реакција како резултат на пеењето на македонската химна од страна на Крсто Мукоски претходно. Не дека тоа било некаков план туку лична одлука. Вељановски немал техничка можност тоа да го спречи и да му го исклучи микрофонот. Талат Џафери призна дека таква можност е воведена по една година. Каде е тука загрозувањето на уставниот поредок од страна на Вељановски, запраша Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.