Кандидатката за претседател на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со честитка во пресрет на христијанскиот празник Велигден.

Денеска започнува големиот христијански празник кој има не само теснорелигиозно значење туку и општочовечка порака. Празнуваме и во исто време испраќаме порака вредностите поврзани со вербата во луѓето, љубовта, човечноста, соживотот, разбирањето да не бидат актуелни само на празници туку секогаш и со секого.

Велики Петок е денот кога најмногу треба да се запрашаме што сме сториле за својата земја, својот народ, предците и идните поколенија. Да си признаеме ако сме згрешиле и да започнеме борба за да ги поправиме грешките. Целта е човечноста и хуманизмот да победат пред нечовечноста и материјалните интереси. За многу години, за праведна Македонија, порача професорката Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.