Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје, наведува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пораката со која во негово и во има на партијата им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите христијански верници, кои го слават овој ден по Грегоријанскиот календар.

Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме, истакнува Заев.

Тој во честитака порачува дека значењето на Велигден охрабрува, „заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот”.

Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе, стои во велиденската честитка на Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.