Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на својот Фејсбук профил објави дека тој е негативен на Ковид-19.

Освен градоначалникот негативни се резултатите од тестовите и на неговата сопруга д-р Билјана Коцевска како и на нивните деца.

Драги фб пријателки и пријатели, Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни. Ви благодарам за вниманието, грижата и за големата поддршка. Посакувам и резултатите на сите други да бидат негативни. Вам и на Вашите најмили ви посакувам добро здравје. Ќе помине и ова. Чувајте се. Со почит, напиша Коцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.