Малку сме биле вчера на протестот, констатираа поголем дел од луѓето. Да, може мала на број, но голема по влијание! Да ве потсетам дека и најголемите лавини започнуваат од мали. Ако народот види дека оваа група на луѓе е цврсто решена да предизвика огромна лавина која ќе го однесе во бестрага Заев и оваа корумпирана и предавничка хунта, пишува политичкиот аналитичар, Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

Ве уверувам дека бројката на народ која ќе доаѓа пред парламентот ќе се мултиплицира! До сите нас е да покажеме дека ни е доста од ова понижување и бришење на нашето достоинство. Се гледаме пред Собрание. Да живее Република Македонија, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.