Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето гостување во емисијата „24 Анализа” на „Телевизија 24” вели дека земјава мора постојано да има листа на задачи кои треба да ги завршува, доколку сакаме членството во ЕУ да биде возможно. Таа нагласи дека не смееме да се надеваме на членство во ЕУ само на остварување на контакти со високи претставници на ЕУ.

Јасно беше дека овој пат Франција нема да блокира, но за нас е доста важно да ја имаме суштинската поддршка од страна на Франција. Да си ја одработиме дополнително, да не зависиме од тоа дали францускиот претседател ќе има резерви околу проширувањето на ЕУ, околу нас или Албанија. Последниов период ги засиливме нашите контакти за да ја заинтересираме Франција, која не е присутна во регионов. Францускиот претседател може да ве викне на вечера и тоа да биде вест сама по себе, но ние имавме изјава од негова страна, каде што презема обврски и со многу силна и недвосмислена позиција. Тоа е еден чекор напред. Нашето членство во ЕУ нема да биде лесно, но членството во НАТО ќе го направи да тоа биде достижно, вели Шекеринска.

Шекеринска додаде дека фокусот на оваа Влада беше во расчистувањето на случаите од СЈО, но напомена дека врските од минатото кои ги имаат осомнечите во судството не се исчезнати.

Првите три години од нашиот мандат главниот фокус беше што се случува со предметите од СЈО, затоа што имавме чувство дека некои предмети многу долго траат. Но, ако видиме и во други држави, тој тип на висока корупција е секогаш потешко да се доврши. Притисокот врз судството е преголем, минатите врски не исчезнаа преку ноќ, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.