Со 340 милиграми на кубен метар ПМ 10 честички измерени вечерва во 22 часот Велес е најзагадениот град во Република Македонија. Велешани ќе заспијат со вкус на олово во устата, а ситуацијата не е ништо подобра ниту во Лисиче, Струмица, Куманово, каде што концентрациите се исто така повисоки од 300 милиграми на кубен метар.

Во Скопје, еден од најзагадените градови во Македонија, но и во светот, голем процент на граѓани се убедени дека државата не знае да се справи со загадувањето.

Град Скопје вчера издаде предупредувања и препораки од прв степен. Во соопштението испратено до медиумите Град Скопје наведува дека препораките ги издава „поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската Котлина во зимски услови, која не дозволува дистрибуција на загадувачките материи“.

Град Скопје и Петре Шилегов им ја потценуваат интелигенцијата на скопјани. Препораките за загадувањето од Град Скопје се исмевање и покажување фрапантна незаинтересираност и негрижа за жителите на овој град, реагира Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје во допис до медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.