Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот Аеродром – Скопје, во 19:30 пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради КОВИД мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија. Заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат исто така вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за Надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамките на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.