Новинарите и останатите вработени од 1 ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор, а вечерва ќе се емитува последното издание на Дневникот на телевизијата, пишува Независен. Колективниот одмор официјално почнува од денеска, но вработените дошле за последното издание на вестите.

Засега, неизвесно е дали понатаму ќе има други информативни изданија. Вработените што останаа во телевизијата остануваат во работен однос, но после 15 август ќе се знае дали ќе ја земат јулската плата.

Сметката на телевизијата е блокирана, а на медиумот му се заканува згаснување откако неговиот неформален сопственик Бојан Јовановски беше уапсен и осомничен за случајот „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.