После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен – објави на Фејсбук, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Понатаму таа пишува:

Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.

Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација – напиша Лукаревска.

Инаку вчера Лукаревска беше во Куманово, каде со техничкиот премиер Оливер Спасовски и други лица од политичкиот врв тераше изборна кампања,  комуницирајќи со многу граѓани, доведувајќи го во прашање нивното здравје. Оттука се наметнува и дилемата дали и Спасовски, поради блиската комуникација со Лукарвеска вчера, ќе оди во самоизолација

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.