Во текот на вчерашниот ден на вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се вкупно 18.877 граѓани, од кои 12.049 примиле прва доза.

Заклучно со вчера вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини. Вакцинирани со прва доза се 599.716 граѓани, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.

Како што велат од министерството за здарвство, 68 отсто од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 65 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 61 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 51 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.