Во рамки на посетата на високата грчка делегација вчера, министерката за одбрана Радмила Шекеринса оствари билатерална средба со министерот за национална одбрана на Грција Евангелос Апостолакис. По потпишувањето на Договорот за соработка во одбраната, Шекеринска и Апостолакис ги посетија воените оркестри на двете земји, кои се подготвуваат за заедничкиот концерт на пет армии.

(фото: МО)

Се работи за концерт наречен „Together we stand“, каде ќе настапува Воениот оркестар на АРМ заедно со оркестрите на Грција, САД, Обединетото Кралство и Словенија.

(фото: МО)

Концертот е дел од програмата на Неделата на НАТО, која Министерството за одбрана ја организира по повод 70 години од постоењето на Северноатлантската алијанса, а ќе се одржи утре во Домот на АРМ во Скопје.

(фото: МО)

Инаку, Воениот оркестар на Македонија вчера требаше да ги интонира македонската и грчката химна на платото пред Владата кога пристигна Алексис Ципрас со неговата делегација, но тоа не се случи.

Според Владата, оркестарот се спремал и за вчерашниот историски настан, но оти кога стигнала информацијата дека ќе доцни авионот на грчиот премиер се откажал настапот и се скратила целата церемонија, како што се воените почести, цвеќињата итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.