Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни 2021 година (вторник, во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11 јуни 2021 година) до 16 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 5 јуни 2021 година (сабота) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 6 јуни 2021 година (недела) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11 јуни 2021 година до 16 часот или од 16 јуни 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.