Карикатуристот Седо Перо објави ваучер oд 6000 северни безличници за годинешната Василица.

ВАУчерот го издава Министерството за економија на Держава Вевчани, во вредност од 6000 северни безличници, а на него е претставен ликот на Глупи Август со златни виљушка и нож во раццете. Поп Ис стои покрај куќа обрасната со марихуана, на која пишува Добивме датум 12-14 јануари 2021.

Ваучерот е од серијата АА 000 001 и е заштитен од фалсификување.

Фалсификувањето на националната свест најпрво подлежи на потсмев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.