12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа го објавува списокот на рокадите.

  1. Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски се менува со вишиот полициски советник Ристо Ставревски.
  2. Во СВР Битола на местото на Славко Јовановски Чулев го поставува Андреј Василевски.
  3. СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски.
  4. СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров.
  5. СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов.
  6. СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески.
  7. Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев.
  8. На местото на началникот на Интервентна единица Примислав Димовски доаѓа Васко Наумовски.
  9. Оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.
  10. Помошник-министер на Одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски.
  11. Оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески.
  12. Помошник-министер на Одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.

Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.